Екстремно слабата Анџелина Џоли криела многу тајни: Бред Пит ја откри вистината и расплака милиони луѓе

После шпекулациите дека се разведуваат поради изневерување и од едната и од другата страна, шокантните фотографии на кои актерката изгледа како костур, шпекулациите дека боледува од неизлечлива болест, вестите за актерскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит одеднаш запреа.
Меѓутоа, во јавноста испливаа нови информации – парот не се разведува, дека кризата е надмината, засекогаш се селат од Лос Анџелес и дека се среќни и се сакаат повеќе од било кога, пренесува „Дејли Меил“.
Во прилог на тоа говори и изјавата на Бред за неговата сопруга.
-Мојата жена се разболе. Навистина беше нервозна поради проблемите на работаа, во приватниот живот. Изгуби многу килограми. Стана премногу слаба и секогаш плачеше. Ја болеа главата, срцето, половината и градите, ја започнува Бред оваа потресна исповед.
Не спиеше добро и брзо се ззаморуваше во текот на денот. Нашата врска беше на работ. Нејзината убавина беше само сенка, имаше подочници и престана да се грижи за себе. Изгубив надеж и мислев дека ќе се разведеме. А тогаш одлучив да делувам. На крајот на краиштата, покрај себе ја имав најубавата жена на светот, напишал актерот и додал дека таа била идол за убавина и дека е среќен што може да ја прегрне и заспие покрај неа.
Почнав да ја посипувам со цвеќе, бакнежи и комплименти. И угодував во се и и приредував изненадувања во текот на целиот ден. И давав многу подароци и живеев за неа. Во јавноста зборував само за неа. И успеа, процвета. Ме сака повеќе од секогаш. Не знаев дека може толку силно да сака. И тогаш сфатив: Жената е одраз на својот маж – ако ја сакате до лудило, таа и ќе стане тоа, завршил Бред Пит.
Ново на Сител
-
Јанкуловски: Холокаустот е потсетник за страшните последици од нетолеранцијата, омразата и дискриминацијата
-
Ринкевичс: Европските земји мора да воведат задолжителен воен рок
-
Јанев: Размислуваме за повеќе мерки за безбедноста во сообраќајот, во владина процедура дел од законските измени за „Безбеден град“
-
Додик: Република Српска не може и нема да се откаже од своите позиции
-
Просечниот животен век на Кинезите достигна 79 години
-
Руските специјални сили пробија гасовод во обид да ги изненадат украинските сили
-
Барселона одби 100 милиони евра за Рафиња и му нуди нов договор
-
Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од замрзнатите руски средства за вооружување на Украина