Екстремно високи температури во јужна Европа, во Италија црвен метео аларм
Во 15 градови низ Италија е издаден црвен метеоролошки аларм, додека екстремно високите температури се шират низ јужна Европа, јави денеска Би-Би-Си.
Алармот, кој предупредува на ризици дури и за здрави луѓе, ќе важи во наредните денови за некои од главните туристички дестинации, меѓу кои Рим, Фиренца и Болоња.
Италијанската влада ги советуваше граѓаните во црвените зони да избегнуваат изложување на сонце денеска во периодот од 11 до 18 часот и посебно да се грижат за старите лица или лицата со лоша здравствена состојба.
Во Грција претходните денови беа забележани температури од 40 степени, а Акропол, една од најпопуларните туристички атракции, во петокот беше затворен поради големите горештини.
Исто така, постои загриженост дека може да се појават шумски пожари, особено во области со силен ветер.
Високите температури ги зафатија и централните делови на Европа, а најпогодени се Германија и Полска.
Чешката метеоролошка служба издаде предупредување дека температурите може да се искачат над 38 степени за време на викендот.
Следната недела во Европа се очекуваат потенцијално рекордно високи температури бидејќи се приближува нов топлотен бран.
Европската вселенска агенција (EСA) соопшти дека Италија, Шпанија, Франција и Германија би можеле да поминат низ екстремни временски услови.
ЕСА ја следи температурата на копното и морето преку сателит.
Италијанските метеоролози предупредија дека следната недела температурите би можеле да надминат 40 степени Целзиусови во топлотниот бран наречен по Харон, кој, според грчката митологија, се превезувал во другиот свет преку реката Ахерон.
Највисоката температура досега забележана во Европа беше 48,8 степени, измерена на Сицилија во август 2021 година, а синоптичарите велат дека слични температури може да достигнат и во наредните денови.
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД