Елеците со експлозиви што ги носеле терористите при нападот во Париз изработени во бриселската населба Скарбек
Појасите со експлозив што ги носеле извршителите на терористичкиот напад на 13 ноември минатата година во Париз биле направени во бриселската населба Скарбек во Белгија, обзнанија белгиските весници „Де Стандард”, „Хет Њусблад” и „Хет Лаатсте Њуз”.
Истражните органи на Белгија, исто така веруваат дека местото, кое било изнајмено од страна на осомничен што сега е во притвор, исто така, служело и како скривалиште на Салах Абдеслам, единственио од осомничените извршители на грозоморниот чин во француската престолнина по кого се уште се трага, јави дописникот на МИА од Брисел.
Инаку, работилницата за правење бомба била откриена на 9-ти декември минатата година од страна на белгиските инспектори кои пронашле траги од експлозив TATП и три рачно изработени елеци за носење на експлозив, како и отпечатоци од прстите на Абдеслам. Според истрагата, детонаторите на експлозивните елеци биле додадени во еден хотел во близина на Париз, каде Салах Абдеслам резервирал две соби.
Овие информации ги потврди канцеларијата на федералниот обвинител на Белгија:
- Канцеларијата на федералниот обвинител го потврдува откритието на материјали за изработка на експлозиви, како и траги од TATП-експлозив за време на пребарувањето спроведено на 10 декември 2015 на третиот кат од стан лоциран во населбата Скарбек на улица Анри Берже. Овој стан бил изнајмен под лажен идентитет што може да се користат од страна на лицето кое е уапсено - се наведува во соопштението на обвинителот.
Притоа, белгиското обвинителство исто така потврди дека три рачно изработени ремени што можеби биле наменети за носење експлозив исто така се откриени, како и отпечаток на Салах Абдеслам.
Ново на Сител
-
Сообраќајка пред влезот на Влае, се судриле три возила
-
Инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда ќе биде соодветно казнет, велат од Општина Ѓорче Петров
-
Казнета кланица поради непочитување на законски одредби за нештетно отстранување на нус производи по колење
-
Сите основни училишта во државава ќе добијат примерок од македонскиот Правопис
-
МВР: Секторот за компјутерски криминал презема мерки за истраги и справување со „фишинг“ - напади
-
Роби Вилијамс повторно во битка со депресијата
-
ФЗОМ: Нулта толеранција кон какви било облици на криминално однесување, вклучително и во сопствените редови
-
Хуманитарна изложба „Бои на надеж“, средствата ќе се донираат за настраданите во Кочани