ЕЛЕМ објави повик за изработка на студија за ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“

АД „Електрани на Македонија“ објави повик на кој се бара економски оператор за изработка на предфизибилити студија за енергетските проекти „ХЕЦ Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“.
Основна задача на студијата е да се разгледаат можните варијанти за оптимално хидроенергетско искористување на водниот потенцијал на Црна Река и да се избере најповолната варијанта за реализација на двата значајни зафати.
- Експлоатацијата на хидропотенцијалот на Црна Река е од посебен интерес за Република Македонија поради можноста за складирање на водата, којашто, пак, би се чувала за производство на електрична енергија во периоди од годината кога е најпотребно, велат од АД ЕЛЕМ.
Во јули годинава заврши јавниот повик за пројавување интерес за проектирање, изградба и концесионирање на ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“, објавен од Министерството за животна средина и просторно планирање.
- Со овој повик, Владата на Република Македонија, започна еден нов пристап за реализација на предметните проекти, пришто во првата фаза, 11 заинтересирани компании доставија свои техно-економски концепти ирешенија. Целта на втората фаза е избраната консултантска компанија да подготви предфизибилити студија каде што ќе бидат понудени најдобрите модели за изведување и од економски и од техничко-технолошки аспект, велат од ЕЛЕМ.
Од студијата треба да произлезат нови и ажурирани податоци и параметри во врска со двата концепти за проектите. Исто така, треба да понуди оптимални опции во врска со тоа дали хидроелектраните треба да бидат конвенционални или реверзибилни, потоа, да понуди вредности за нивниот инсталиран капацитет, да ги даде најдобрите можни сценарија за редоследот на изградба, но и да ја прикаже нивната економска исплатливост.
- Изработувачот на студијата ќе има задача да направи и споредба меѓу постојните технички решенија изработени во минатото и понудените технички решенија пристигнати од потенцијалните концесионери во јули годинава. Врз основа на избраното решение од предфизибилити студијата која ќе треба да се изработи во рок од девет месеци, ќе следи трета фаза, објавување јавен повик за проектирање, изградбаи концесионирање на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“. Реализацијата на двата проекта ќе значи енергетско зајакнување на Република Македонија, зголемување на уделот на обновливи извори на енергија и намалување на користењето на фосилни горива за производство на електрична енергија, нагласуваат од ЕЛЕМ.
Изградбата на двете хидроелектрани, посочуваат, покрај бројните енергетски придобивки ќе има огромни економски ефекти преку ангажирање на домашната градежна оператива, а ќе се обезбеди и можност за наводнување и за поефикасна регулација на Црна Река.
Ново на Сител
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
