-->
-->
ЕЛЕМ се вклучи во расчистувањето на теренот во поплавените подрачја
-->

АД Електрани на Македонија (АД ЕЛЕМ) се вклучи во акцијата за расчистување на последиците во скопскиот регион предизвикани од силното невреме што изминатиот викенд го зафати Скопје и регионот.
Како што соопштуваат, над 110 доброволци - вработени во поголемиот дел од подружниците на Компанијата со соодветна опрема се испратени во погодените подрачја и се ставени на располагање на подрачните координативни тела. Во согласност со можностите, компанијата обезбеди еден камион, две помали теренски возила, два дизел агрегата и две пумпи за собирање вода.
Во текот на вчерашниот ден и денеска АД ЕЛЕМ донираше над 20.000 литри пакувана вода, два тони конзервирана храна и два тони средства за хигиена, средства за дезинфекција и пелени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
-

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
-

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис
