Елена Велевска: Мојата изјава е извадена од контекст, сакав да кажам дека се слуша и бугарска музика
Музиката е посебен свет, империја која опстојала колку и човештвото на оваа планета! Оставете ја музиката надвор од политиката и лепењето етикети. Музиката е безвременска, не познава религија, нација, јазици, а посебно не негативци.
Јас сум Македонка, пеам на Македонски јазик, говорам Македонски јазик. Но, пеам и на многу други јазици и ќе продолжам со тоа, учејки и нови јазици, никаква местенка нема да ме спречи во тоа.
Секое мое телевизиско гостување надвор од Македонија го користам за промовирање на Македонскиот јазик. Секогаш пеам песни создадени од наши домашни автори. Секое мое телевизиско гостување говорам на Македонски јазик, за разлика од многу “патриоти”. Кога тие одат надвор или им пишува ФИРОМ или на интервјуа се трудат да зборуваат друг јазик, а не својот, Македонскиот.
Три години ми требаше да ја прифатам понудата од Пајнер (Payner). Кога решив дека ќе го направам тоа го направив со Македонска песна од Македонски автори и видео спот сработен со Македонска продукција.
Како некој што повеќе од 20 години е на естрадата, можам да кажам дека сум еден од најголемите негувачи на Македонската музика. Отсекогаш сум ја негувала Македонската песна, испеав и новокомопонирани и стари Македонски песни. Моите хитови се слушаат насекаде и горда сум што ја презентирам Македонската музика низ светот.
Извадок од контекст од мојата изјава малку предизвика непотребен револт бидејќи се работи за недоразбирање. Сакав да кажам дека се слуша и Бугарска музика. Дел од различните националности во дијаспората кои потекнуваат од различни комшиски држави доаѓаат на мои концерти. Така како што Македонски граѓани одат на концерти на други странски пејачи.
Ако го изгледате целото видео ќе видите што кажувам до крај на видеото! Не е чесно да извадите од контекст само една реченица и да направите кампања со тоа. Прикажете или коментирајте го заклучокот од целото видео или пак целото мое минато за Македонската музика.
Македонските песни кои ги набројав се “Облаче ле бело” и “Јовано јованке” бидејќи тоа се наши песни. Тие се многу популарни во сите Балкански земји па и во Бугарија и насекаде во дијаспората, а се подготввуаме за турнеја во Австралија. Нема некој кој потекнува од овој крај на Европа, а да не ја знае “Јовано Јованке”. Или да не знае дека е Македонска песна, за што и не сметав дека посебно треба да нагласам.
Жал ми е што некои од Радио Илинден – Австралија тоа го искористија за погрешно да ја пренесат мојата изјава токму пред турнејата во Австралија. Но ете ако од целото интервју не разбрале ќе повторам. Македонските песни се “Облаче ле бело” и “Јовано јованке”, но ги слушаат и ги препеале и Бугари и Срби и Хрвати и Босанци и Црногорци насекаде по светот. Тоа ме радува, бидејки тие наши Македонски песни живеат насекаде.
Јас и понатаму ќе продолжам да ја преставувам Македонската музика најдобро што можам. Ги поздравувам сите Македонци во Австралија и им ветувам незаборавни концерти со најубавите Македонски песни.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица