ЕМА ќе испита дали испитувањата на Спутник В се во согласност со стандардите

Европската агенција за лекови (ЕМА) следната недела ќе почне да истражува дали спроведените клинички испитувања на руската вакцина Спутник В против Ковид-19 се во согласност со глобалните клинички и научни упатства, информира денеска „Фајненшл тајмс“.
ЕМА ја спроведува анализата во време кога луѓето кои се запознати со процесот на одобрување на вакцините, за „Фајненшл тајмс“ изјавија дека испитувањата на Спутник В не биле спроведени во согласност со етичките стандарди.
Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), за весникот изјави дека „не бил извршен притисок (врз учесниците)“ и оти испитувањата на Спутник биле спроведени „во согласност со клиничката пракса“.
Русија соопшти дека припадниците на војската и државните службеници учествувале во тестирањето на вакцината, што ја изработила државна лабораторија и ја финансирала РДИФ.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
