-->
-->
Емирот на Катар одлучи: Мбапе нема да го напушти ПСЖ претстојното лето
-->

Напаѓачот Килијан Мбапе нема да го напушти Пари Сен-Жермен на крајот на сезоната. Оваа одлука е донесена лично од сопственикот на клубот, емир на Катар, Тамим бин Хамад Ал-Тани, објавија француските медиуми.
-Ќе има ветер, снег или дожд, но Мбапе ќе остане, таква е желбата на емирот, се зборовите на извор запознаен со ситуацијата.
Претходно беше објавено дека Реал претендира да се засили со Мбапе, но ПСЖ според изворот, нема ни да го разгледа предлогот на мадридскиот клуб.
Договорот на еден од најдобрите фудбалери на светото со ПСЖ е со важност до јуни 2022 година.
Од друга страна, францускиот шампион е подготвен да го ослободи Нејмар за 150 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
