-->
-->
Емотивна изјава во „Големиот Брат": „Татко ми работи за 250 евра а јас..."
-->
Луча од Големиот Брат кој важи за човек без влакна на јазикот, попушти пред притисокот и ја раскажа својата страна од приказната во куќата на Големиот брат. Со оглед на тоа дека сега има поригорозни правила во куќата и со цел станарите да имаат ред, Големиот Брат ги казнува и за најмала грешка со по 120 евра од буџетот на Горан и Бранџа, Луча се налути бидејќи најголемиот дел од грешките ги направи токму тој, а воедно и најчесто е опоменуван.Откако станарите го наговорија да не си оди од шоуто иако тој веќе се спакува, Луча влезе да разговара со Големиот Брат и со солзи во очите му појасни дека не сака луѓето да имаат погрешна претстава за него и неговите родители и неговата девојка да сметаат дека не ги почитува. Тој истакна дека неговиот татко работи за 250 евра, а тој толку троши на ден во Големиот Брат со своите грешки, па не би сакал неговиот татко и неговата мајка да мислат дека не ги почитува и не го применува тоа што го научиле.
По емотивниот испад, Луча во негов стил се одлучи да остане и да се бори до крај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
