Емпатичните луѓе сакаат тажни песни
Тажните песни имаат најголемо влијание врз емпатичните луѓе, заклучија научниците врз основа на истражување со кое биле опфатени 102 лица на возраст од 18 до 67 години.
Како што објави научното списание „Фронитерс ин Псајхолоџи“, научниците на испитаниците им ја пуштале песната „Discovery of the Camp“ на Мајкл Кејмен од серијата „Band of Brothers“.
Истражувањето покажало дека испитаниците кои песната ја опишале како „тажна, силна и пријатна“ на дополнителниот психо тест покажале нагласена епматија, додека резулатите на оние кои песната ги правела „нервозни“ и кои „не ги допрела премногу“ покажале помала емпатичност.
Научниците заклучиле дека реакцијата на музиката е поврзана со можноста сочувство со другите.
- Изгледа да чувствителните и емпатичните луѓе уживаат во тажните песно. Нивниот организам на некој начин со тоа се наградува, изјави професорот Томар Ерол.
Според истражувањето, емпатичните луѓе повеќе уживаат во тажната музика од другите, затоа што од неа добиваа чувство на задоволство, но научниците се уште не знаат за каков процес во телото точно станува збор.
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро