ЕП Полска 2016: Изјави од прес конференцијата Франција - Македонија
Клод Онеста (селектор на Франција): Тешок натпревар на стартот на првенството како што е вообичаено. Имавме за противник добар тим во Македонија, честиткиза нив. Вториот дел беше добар за нас и разликата беше во последните 10 минути.
Ивица Обрван (селектор на Македонија): Честитки за Франција за победата. Задоволен сум од играта во 55 минути. На крајот ни снема сила и концентрација и мислам дека поразот е висок. Игравме против најдобрите на светот кои ја казнува секоја грешка. И нас не очекува дуелот со домаќинот Полска.
Валентин Порт (играч на Франција): Нема мали екипи на ЕП. Првиот натпревар е секогаш тежок, така беше и во првите 50 минути.
Филип Кузмановски (играч на Македонија): Одигравме одлично прво полувреме во напад и одбрана (дисциплинирано). Во вториот дел имавме технички грешки и промашени зицери што не оддалечи од победата.
Од Краков,
Марјан Ников
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори