-->
-->
ЕП Полска 2016: Прибак: Одигравме скоро за „петка“
-->

Нов нерешен резултат оствари македонската репрезентација. Овојпат на дуелот од главната фаза по еден бод поделија Македонија и Норвешка. Во микс зоната македонскиот репрезентативец Немања Прибак изјави:
- Одигравме скоро за „пет“ игравме смирено со добар проток на топка, трчавме дадовме добри голови од контра и полуконтра, а другите селекции не постигнаваа такви голови со Норвешка. Ова е тркачка екипа и тешко е да се издржи 60 минути со нив. Во 50.минута бев убеден дека ќе победиме, не се случува екипа да загуби со такво водство. Важно беше што одморивме малку, не е добар ритам да се игра секој втор ден. Добро се подготвивме, а сепак мислам дека Норвешка не одигра на ниво како против Полска.
За последниот натпревар во среда со Белорусија Прибак истакна:
- За дуелот со Белорусија ни е важно да победиме. За пласман, за квалификации, ќе играме максимално за победа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори
-

Три лица приведени во Скопје по обид за подигнување кредит со фалсификувана документација
-

Зголемена фреквенција на Табановце и Богородица, чекањата до еден час
-

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“
-

Рама: Воздушниот простор за време на самитот на НАТО ќе биде заштитен со супер интелигентни дронови произведени во Албанија
-

Мигранти се обиделе да влезат и во шпанската енклава Мелиља
-

Трамп се закани со масовни напади врз Иран
-

Премиерот Мицкоски во Дебар на доделување станови за социјално загрозени категории на граѓани
