Loading Video...
Спорт плус
16. September 2019 - 19:11

ЕП: Против Белорусија на прва победа

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва е пред нов предизвик. Дуел со Белорусија во 20.45ч репрезентација која исто така дебитира на Европското првенство.  Желбата е да се оствари првата историска победа на  континенталните шампионати.

Македонија одигра три средби на ЕП во одбојка. Во групата која настапува во Љубљана поразени сме од  Финска, Турција и фаворитот Русија.  Кај одбојкарите  има воздишки за пропуштената шанса да се оствари првата победа особено на дуелот со Финска и затоа се очекува екстра мотив токму вечерва да се надополни пропуштеното.  Белорусија во денешниот дуел влегува сигурно заморено  од синоќешниот дуел со Финска кој го доби со  3-2 и со тоа ја прослави првата победа на европските првенства.  Победата за нашиот вечерашен противник е уште подрагоцена бидејќи е извојувана по негатива од два сета и тај-брејк во третиот.

Белорусија  има високи одбојкари и сигурно ќе се обиде да ја искористи оваа предност и во блокот и во нападот.

Капитенот Никола Ѓорѓиев во пресрет на овој важен меч за нас потенцира дека Македонија во некои периоди одиграла токму на она ниво кое ќе биде потребно вечерва да се совлада Белорусија. Се додека постои надежта да го оствариме посакуваниот резултат за да се пласираме во осминафиналето ние ќе се бориме категоричен е Ѓорѓиев.

Мечот во спортската сала во Стожице се игра вечерва од 20.45ч.