ЕП заседава без тројца членови од Каталонија, протест пред зградата
Првата седница на Европскиот парламент во новиот мандат започна без тројца членови од Каталонија, на кои им е забрането да присуствуваат.
Истовремено, пред зградата на ЕП во Стразбур стотици граѓани носеле каталонски знамиња и протестирале поради таквата забрана.
Каталонските лидери Карлес Пуџдемон, Тони Комин и Орион Жункерас не можат да си ги заземат своите места во ЕП, бидејќи шпанската Влада не ги прифаќа како членови на Парламентот по мајските избори.
Пуџдемон и Комин живеат во егзил откако е издаден налог за нивно апсење во Шпанија по неуспешниот обид за отцепување на Каталонија. Наместо да допатуваат во Шпанија и лично да положат заклетва за верност на шпанскиот Устав, тие испратиле писмени изјави за лојалност, кои не се прифатени.
На Жункерас, кој се наоѓа в затвор во Шпанија, не му е дозволено да излезе за да положи заклетва, а Пуџдемон и Комин ги нема на листата на шпанските европски пратеници.
Општиот суд на ЕУ го отфрли барањето на Пуџдемон и Комин да ги заземат своите места на седницата, се додека се разгледува одлуката на шпанските власти и Парламент да бидат забранети.
Местата на каталонските лидери ќе останат празни се додека тие не положат заклетва или ги отстапат местата на други членови од нивната изборна листа.
Доколку станат членови на Европскиот парламент, ќе добијат имунитет од кривично гонење.
Ново на Сител
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за унгарскиот кредит, сумата ќе надмине 250 милиони евра
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Паднов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените