Ептиса: Обвинувањата не се точни и целосно ги отфрламе
Реакција испратија од компанијата Ептиса велат дека обвинувањата и изјавите целосно ги отфрлаат.
„Најпрво нагласуваме дека лицето Бранислав Димитриевиќ и неговата компанија споменати во контекст на активностите во Ерменија никогаш не биле ангажирани или вработени во Ептиса. Во однос на наводите дека Владата претходно донела одлука да не се користат услугите на Ептиса укажуваме дека таква одлука не е донесена. Заклучокот на Владата по писменото барање од страна на Ептиса, а поради правна неоснованост беше повлечен од Владата. Нагласуваме дека компанијата Ептиса работи исклучиво согласно законот, на никој начин не е поврзана со криминални или коруптивни активности и поради тоа не постои ниту пак се води постапка пред било кој орган во Македонија со оглед на кој се ограничува или спречува делувањето на Ептиса. Таква одлука може да донесе само надлежен суд, а таква одлука не постои за Ептиса. Ептиса докажа дека постапувала професионално и на непристрасен начин го спроведувала споменатиот проект. Во однос на проектот на Бехтел и Енка договорот за надзор го потпиша ИРД додека Ептиса е само дел од конзорциумот и при реализацијата ќе има мала улога“, велат во реакцијата од оваа компанија.
Ново на Сител
-
Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ
-
Стотици граѓани во долга редица чекаа ваучер за инвертер
-
Почина 5 годишно дете на Детската клиника – трет смртен случај во установата за еден месец
-
Пожар во депото на Железници – Транспорт, гореле стари вагони
-
Два научни институти затворени, контроли и во универзитети
-
Хуманитарна акција во американската амбасада во сеќавање на загинатите од терористичкиот напад во 2001-та
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери