Ербил: Ирачките сили започнаа офанзива против пешмергите
Курдските власти денеска ги обвинија ирачките сили дека покренале офанзива против нивните борци пешмерги во близина на границата со Турција.
Во соопштението на на Владата на Ирачки Курдистан се наведува дека, од 6.00 часот утрово по локално време ирачката армија, со поддршка на шиитската парафоена формација Сили за народна мобилизација, запонала напади врз позициите на пешмергите кај Зумарт, северозападно од Мосул, користејќи тешка артилерија.
- Тие напредуваат кон позициите на пешмергите, соопшти Влада во Ербил.
Курдските борци вчера се вратија на позициите кои ги зазедоа во јуни 2014 година, пред екстремистичката организација Исламска држава (ИД) да изврши инвазија во северниот и западниот дел на Ирак.
Курдските сили се вратија на старите позиции, откако претходното контролата врз покраината Ниневех им ја предадоа на ирачките сили.
Пред доаѓањето на ирачките сили, вчера од Нинавех беа евакуирани борците на курдскитеа пешмарги, кои во изминатите три години преземаа контрла врз регионот во текот на борбите со ИД.
Ирачката војска соопшти дека пешмергите презеле контрола и над мосулската брана, што се наоѓа северозападно од Мосул.
Ново на Сител
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование