Ердоган бара меѓународни санкции за Холандија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска побара меѓународните организации „да го кренат гласот“ против Холандија и да и воведат санкции.
Во обраќање на митинг во пресрет на референдумот за уставните промени во градот Коџаели, Ердоган изјави дека Холандија се однесува како „банана република“ и ги критикуваше европските земји затоа што не го осудиле „однесувањето на Хаг“.
Односите меѓу Холандија и Турција се влошија откако вчера холандските власти одбија да му дозволат слетување во земјата на авионот на шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, кој требаше да говори на митинг во Ротердам, а подоцна од Холандија беше протерана и турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Сајан Каја.
Ердоган во обраќањето на митингот изјави дека Турција ќе ја натера Холандија да плати за својот однос кон турските министри, додавајќи дека без тоа нема да има помирување со Хаг.
Во меѓувреме се огласи и турската опозиција која им изрази поддршка на властите во спорот со Холандија. Лидерот на најголемата опозициска сили, Републиканската народна партија, Кемал Калачдароглу побара Турција да ги прекине дипломатските односи со Холандија, додека Партијата на националистичка акација повика на „замрзнување на односите со Хаг“.
Ново на Сител
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
