Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека се чини оти Хамас е решен да го почитува примирјето во Појасот Газа, а Израел продолжува со окупацијата и нападите.
- Соочени сме со администрација која масакрира над 200 невини луѓе откако стапи во сила договорот за прекин на огнот, а исто така продолжи со своите напади и окупација во Западниот Брег. Не можеме да дозволиме анексија на Западниот Брег, промена на статусот на Ерусалим или обиди за нарушување на достоинството на џамијата Ал-Акса, истакна Ердоган во говорот на отворањето на состанокот на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка на Организацијата за исламска соработка (ЦОМЦЕЦ) во Истанбул.
Тој додаде дека се надева дека одлуките донесени на Форумот ќе бидат корисни за исламските земји, но и за целиот свет. Според него од последниот состанок на COMCEC, имало историски случувања во светот, особено на Блискиот Исток.
Ердоган се осврна и на ситуацијата во Сирија, истакнувајќи дека милиони луѓе биле принудени да ја напуштат земјата, меѓу кои 3,6 милиони се примени во Турција.
- Крвопролевањето конечно заврши со револуцијата на 8 декември минатата година, кога Сирија влезе во период на закрепнување под мудрото водство на претседателот Ахмед ал Шара, наведе Ердоган.
Тој заклучи дека Турција ќе продолжи да ја поддржува Сирија во областите почнувајќи од транспортот и образованието, па сè до безбедноста, трговијата и здравствената заштита, и дека поддршката на исламскиот свет е клучна за зачувување на политичкото единство и територијалниот интегритет на земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
