Ердоган најави предвремени избори во Турција на 14 мај
Во Турција на 14 мај ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Датумот на изборите ќе стане официјален кога врховната изборна власт во земјата ќе ја одобри одлуката на Ердоган.
Се очекува органот да го потврди датумот набргу по објавувањето на претседателскиот декрет во Службен весник во сабота, пренесе ДПА.
– Нека оваа одлука е од корист за нашата земја и нашиот народ, рече Ердоган во телевизиската изјава од претседателската палата во Анкара.
Изборите првично беа закажани за 18 јуни. Ердоган ги наведе аџилакот, училишните празници и приемните испити на универзитетите кои се совпаѓаа во средината на јуни, меѓу главните причини за поместување на гласањето.
Турските медиуми шпекулираа дека изборите можеби ќе се одложат поради разорниот земјотрес кој пред еден месец го погоди југоисточниот дел на земјата.
Во катастрофата загинаа повеќе од 46.000 луѓе и раселени се речиси четири милиони луѓе во 11 турски провинции.
Илјадници луѓе загинаа и во соседна Сирија.
Ново на Сител
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
-

Муцунски: Услови за уставни измени нема
-

Берсе од Скопје: Наскоро решение за пресудите на ЕСЧП против Бугарија
-

Одбележан 7 мај – Денот на македонската полиција
-

10 претстави во официјална конкуренција на 60-от МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Ново Село ќе добие модерен пазар вреден над 8 милиони денари
-

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци
