Ердоган порача дека не ја повлекува војската од Катар
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го отфрли барањето на водечките арапски земји да ги повлече турските сили од катар, оценувајќи го како „неучтиво“.
Ердоган, после молитвата во Истанбул по повод бајрам, изјави дека неговата земја нема да бара дозвола од другите кога склопува договори за соработка во областа на одбраната.
- Барањето Турција да ги повлече своите војници е тажно и знак на непочитување на Турција, истакна Ердоган.
Тој повтори дека неговата земја и натаму ќе го поддржува Катар, кога се во прашање санкциите воведени кон официјална Доха од страна на неколку арпаски земји.
Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа врските со Катар поради наводна поддршка на тероризмот. Арапските држави доставија листа на барања и поставија рок од десет дена за исполнување на истите, во кои е вклучена и исплата на непрецизирана сума на отштета.
Катар ја разгледал листата со барања упатени до оваа земја од страна на четири арапски земји, неопходни за нормализирање на меѓусебните односи. Сепак, малиот, но богат и влијателен емират во Персискиот Залив овие услови ги оцени како неразумни и неостварливи. Барањата предвидуваат 13 точки, меѓу кои се бара Катар да ги прекине сите врски со движењето Муслиманско братство и со други групи како Хезболах, Ал Каеда и Исламска држава.
Според листата на барања, Катар треба да се откаже од натурализација на граѓани на четири земји и да ги протера тие кои се на негова територија. Предвидено е и Катар да ги предаде сите лица по кои е распишана потерница во Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Бахреин под обвинение за тероризам; да го запре финансирањето на екстремистичките организации, прогласени за терористички од страна на САД, како и да достави информации за опозиционерите.
Што се однесува во делот за Иран, се наведува дека Катар треба да ги затвори дипломатските претставништва во Иран и да ги протера сите членови на елитниот ирански воен Корпус на гардата на Исламската револуција и да тргува со Техеран во согласност со американските санкции.
Во барањето за затворање на Ал Џезира, чие седиште е во Доха се посочува дека Катар треба да ги затвори сите филијали на сателитскиот телевизиски канал. Тоа значи и затворање на редакцијата на англиски јазик. Соседите на Катар ја обвинуваат Ал Џезира дека поттикнува нереди во регионот и го поддржува Муслиманско братство.
Ново на Сител
-
Нови детали од тешката сообраќајна несреќа во Србија - Загина петчленото семејство
-
Тежок судир воено и цивилно возило во Србија, две лица загинати
-
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
-
Возач со џип удри во дете на велосипед и тешко го повреди
-
Маж пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје, пренесен на лекување на Клиничкиот центар
-
Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода
-
Најмалку 13 цивили загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа
-
Специјална акција на грчката полиција во ромска населба во Атина, уапсени 12 лица