Ердоган повика на итен прекин на огнот: Во Газа се случуваат злосторства против човештвото

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, велејќи дека во Појасот Газа се случуваат „злосторства против човештвото“.
„Нема објаснување или оправдување за бруталноста на која бевме сведоци од 7 октомври“, рече Ердоган за време на Самитот на земјите од турско говорно подрачје во Астана, пренесува „Гардијан“.
Тој додаде дека приоритет на Турција е итно воспоставување хуманитарен прекин на огнот.
„Да бидам искрен, злосторства против човештвото се случуваат во Газа точно 28 дена“, рече Ердоган.
Тој изјави дека Турција работи на „нови механизми кои ќе гарантираат безбедност за сите, без разлика дали се муслимани, христијани или Евреи“.
„Нашите напори да поставиме основа за меѓународна мировна конференција продолжуваат“, рече Ердоган.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
