Ердоган повторно вети дека ќе се повлече доколку се докаже дека Турција купувала нафта од ИД
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно вети дека ќе се повлече од функцијата доколку бидат докажани тврдењата дека Турција купувала нафта од групата Исламска држава (ИД), пренесе ТАСС.
- Доколку биде докажано дека Турција купувала нафта од ИД, доколку тоа навистина се случувало, јас нема да останам на оваа претседателска должност. Ќе се повлечам, рече синоќа Ердоган пред бизнисмени во турскиот град Бурса.
Тој додаде дека познати се местата од кои Турција купува нафта. На прво место Турција купува нафта од Русија, на второ од Иран, на трето од Азербејџан, на четврто од Северен Ирак. Исто така, ние купуваме нафта од Алжир, Катар и понекогаш од Нигерија. Ние ги фативме шверцерите. Никогаш нема да дозволиме во Турција да има шверцувана нафта и гас, посочи турскиот претседател.
На почетокот на декември заменик министерот за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов, го обвини семејството на турскиот претседател Ердоган дека купува нафта од терористите од ИД.
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со Јапонија
-
Македонски шуми започнуваат со обнова на расадниците
-
Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед
-
Преглед на вестите од светот
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство