Ердоган пристигна во Вашингтон

Шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган синоќа пристигна во Вашингтон, каде денеска е предвидено да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА.
Ердоган беше пречекан од група луѓе, кои развиорија турско знаме и го извикуваа неговото име на мал собир во близина на Белата куќа. Собирот, во кој учествуваа околу 50 лица беше организиран од Турско-американскиот национален комитет.
- САД сега треба да имаат доверба во Турција, изјави 42-годишниот Невзат Тунџел, кој живее во Бруклин.
- Турција е сојузник на САД и НАТО, но американската поддршка на Силите за заштита на народот на сириските Курди е сериозен проблем за Турција, бидејќи тие и Курдската работничка партија (ПКК), се како една иста групација. Кога ќе им дадеш оружје на Силите за заштита на народот половмина од него оди кај ПКК, изјави Тунџел на собирот на приврзаниците на Ердоган.
Трамп минатата недела даде дозвола за вооружување на Силите за заштита на народот во Сирија во борбата против ИД. Анкара ја смета оваа организација за терористичка групација, поврзана со курдските бунтовници.
За денеска во Вашингтон е најавен и собир на противниците на Ердоган.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
