Ердоган, Раиси и Путин денеска се среќаваат во Техеран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган замина за Техеран каде денеска ќе учествува на состанок за Сирија со рускиот и иранскиот колега Владимир Путин и Ебрахим Раиси.
Како што пренесуваат турските медиуми, секоја посета на главниот град на Иран е важна. Но, овојпат, имајќи ја предвид активноста на процесите во регионот, може да се каже дека „оваа посета е од особено значење за Турција, со оглед на нејзините односи со земјите од Персискиот залив, кои во последно време се подобрени или нормализирани“.
Ердоган во Техеран прво ќе учествува на седмиот состанок на Советот за соработка Турција-Иран на високо ниво. Потоа ќе учествува на трилатералната средба со претседателите на Русија и Иран, која ќе биде посветена на Сирија.
Според прес-службата на турскиот претседател, се очекува тројцата да разговараат за актуелната ситуација во Сирија, вклучително и политичкиот процес, нацртот на новиот устав и борбата против тероризмот.
Како што е наведено, „многу важно за Турција е прашањето за враќањето на сириските бегалци, што предизвикува сериозна загриженост кај Ердоган на домашен терен поради силната огорченост дури и на сопствениот електорат против бегалците“.
Состанокот во Техеран ќе се одржи во момент на планови на Турција за вооружена интервенција во Сирија за воспоставување безбедносна зона од 30 километри.
Минатиот месец турскиот Парламент изгласа нов мандат за армијата за прекугранична операција во соседната земја.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
