Ердоган: Турција одамна го заслужи Шенген договорот
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција одамна го заслужила Шенген договорот, обвинувајќи ја Европската унија за неискреност во процесот за влез во ЕУ.
- Ние всушност одамна го заслуживме Шенген договорот. Официјално поднесовне барање за членство во 1963 година и во текот на тој процес, секогаш не залажуваа, рече Ердоган за државата телевизија ТРТ.
- Никогаш не биле искрени и се уште не се искрени, додаде тој.
Турција и ЕУ во петокот постигнаа договор за ставање под контрола на приливот на мигранти во Европа, со кој Унијата и вети на Анкара визна либерализација до крајот на јуни, забрзување на преговорите за челнство, како и финансиска помош. За возврат Анкара ќе ги прифати назад сите илегални мигранти, кои преминале од нејзина територија во Грција.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци