Ердоган: Турција почна со операција во северна Сирија се против ИД и ПДС

Турција почна со операции во северна Сирија насочени кон ИД и сириски курдски борци за да стави крај на нападите по турската граница, објави денеска претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
– Во четири часот утрово почнаа операции во северна Сирија против терористички групи кои постојано и се закануваат на нашата држава, како ИД и ПДС, нагласи Ердоган. Притоа тој мислеше на Исламска држава и сили на сириската курдска Партија Демократски сојуз.
Лидерот на ПДС, Салех Муслим објави на Твитер дека Турција ќе биде поразена во Сирија како и Исламска држава. Анкара ја смета партијата на Муслим, која се бори против ИД со поддршка од САД, како закана заради врски со курдски бунтовници кои се за автономија во Турција.
– Турција е во сириското мочуриште. Ќе биде поразена како ИД, објави Муслим на Твитер на турски, арапски и англиски јазик.
Ново на Сител
-

Централен одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
-

Централен одбор на СДСМ
-

Мери Дика предлог за уставен судија
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
-

Под слоганот “Важна е културата” Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
-

Државата е подготвена за итни мерки ако цените почнат да растат
-

Поскапувањето на храната е неминовно, се очекува повисока инфлација
