Eрдоган: Турција се подготвува за нови антитерористички операции во Сирија

Турција се подготвува за нови антитерористички операции во Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на митинг во турскиот град Трабзон, пренесе ТАСС.
Пораката на Ердоган е упатена откако минатата недела беше кажано дека успешно заврши воената операција „Еуфратски штит“, што требаше да го исчисти регионот на сириско-турската граница од присуство на џихадистите од Исламска држава и да ги протера курдските борци оттаму.
- Со исчистување на градот Ал Баб од терористите заврши првата етапа од операцијата „Еуфратски штит“. Но, операцијата продолжува, бидејќи ние нема да запреме. Се подготвуваме да заземеме и други висорамнини во регионот каде има терористи, соопшти Ердоган.
Тој додаде дека новата операција ќе добие поинакво име.
Турскиот претседател предупреди дека Турција ќе ги изненади „сите терористички организации: Курдската работничка партија, Силите за заштита на народот, Партијата за демократска унија, терористичката организаци на Фетулах Ѓулен, кои ја чекаат пролетта“.
- Пролетта на турскиот народ ќе се претвори во црна зима за терористите, предупреди Ердоган.
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
