Еро: Околу еден милион луѓе може да го напуштат Мосул
Шефот на француската дипломатија Жан-Марк Еро денеска предупреди дека околу еден милион луѓе најверојатно ќе се обидат да ги избегнат борбите во ирачкиот град Мосул и оти властите треба да го проверуваатр секое лице, за да гарантираат деке меѓу бегалците нема екстремисти од Исламска држава.
Еро, заедно со ирачкиот колега Ибрахим Џафари претседаваше со меѓународната конференција на високо ниво во Париз за политичката иднина на Мосул, потенцира дека битката за Мосул е само дел од походот против ИД и оти меѓународната заедница треба да мисил на следниот чекор - сирискиот бастион на ИД во градот Рака.
- Ирачките сили напредуваат кон Мосул побрзо од предвиденото, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади преку видеоврска од Багдад на почетокот од средбата во Париз.
На конференцијата учествуваат околу 20 земји и организации, меѓу кои САД, Турција, земјите од Персиски Залив и европските држави.
Ново на Сител
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје
-
За 3000 евра македонски државјани војувале за Русија
-
Дали после празниците не очекува пикот на грипот?
-
Преглед на вестите од светот