Македонија
27. December 2016 - 11:32

Етнолошка изложба „Гевгелија низ вековите“

 Етнолошка изложба насловена „Гевгелија низ векови“ синоќа беше отворена во уметничката галерија „Амам“ по повод 130-годишнината од прогласувањето на Гевгелија за град.

- Во наредните неколку дена на изложбата ќе бидат презентирани околу стотина предмети, фотографии, народни носии и други документи од етнолошката збирка на гевгелискиот Музеј кои зборуваат за развојот на градот во минатото, нагласи на отворањето на изложбата директорот на музејот, Емил Сламков.

Изложбата е под покровителство на Општина Гевгелија, а организатор на овој културен настан е градскиот Музеј кој упати покана до сите заинтересирани граѓани да ја посетат несекојдневната изложба преку која ќе го видат развојниот пат на својот роден град.