ЕУ ја одложи визната либералиација за Косово, Турција, Украина и Грузија
Државите членки на ЕУ ја одложија визната либерализација за Косово, Турција, Украина и Грузија, јавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на извори од Европската делегација.
Укинувањето на визите за Косово е забавено и покрај препораката на Европската комисија за либерализација на визниот режим со овие четири земји, наведуваат изворите од ЕУ, пренесува Танјуг.
И приштинскиот весник „Зери“ денеска објави дека Европскиот Парламент и Советот на министри на ЕУ нема да донесат одлука за визна либерализација за Косово пред есенва.
Кога станува збор за Турција, Брисел вели дека оваа земја напредува во исполнувањето на 72 критериуми за укинување на визите, но со оглед на тоа дека Анкара ќе го пропушти јунскиот рок, поверојатно е дека визите ќе бидат укинати дури на есен.
Амбасадорите на ЕУ денеска разговараа за сличниот договор со Грузија, но одлуката за тоа не се донесе. Можно е ова прашање повторно да се разгледува идната недела, пред да разговараат за уште поконтроверзното прашање за Украина.
Холандија, која во моментов претседава со Унијата ги закажа техничките средби за Украина дури по завршувањето на состанокот на министрите за внатрешни работи во Луксембург, на 9 и 10 јуни, што е знак дека пред тоа веројатно нема да биде донесена одлуката за Киев.
По замаецот од пред неколку недели со потпишувањето на спогдобата ЕУ-Анкара за намалување на приливот на бегалци и мигранти во Европа, преговорите за визна либерализација запнаа заради одбивањето на Турција да ги промени своите закони против тероризмот.
Слабеењето на еланот за Турција ја искомпликува ситуацијата и кај другите три земји, изјави дипломат, навестувајќи дека времето до летната пауза полека истекува.
Европскиот Парламент што треба да ги усвои ваквите спогодби последната седница ќе ја одржи од 4 до 7 јули, а потоа со работа ќе продолжи дури кон средината на септември.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет