ЕУ ќе предложи решение за спорот од Брегзит за Северна Ирска
– Европската комисија денеска треба да ги соопшти решенија што ги предлага за спорот со Лондон околу Северна Ирска, јави ДПА.
Потпретседателот на Европската комисија и пратеник за Брегзит, Марош Шефчовиќ, се очекува да го претстави деталниот план на мерки за минимизирање на тешкотиите во внатрешната трговија во Обединетото Кралство, што се претставени со таканаречениот Северноирски протокол, додава германската агенција.
Тој, според извештаите, може да има и исклучоци за одделни производи, како што се одреден тип храна и лекови. Меѓутоа, не се очекува да има повторно темелно преговарање за протоколот.
Многу е дискутабилно дали мерките што ќе се предложат ќе бидат доволни да го задоволат Лондон.
Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Фростм вчера повика на целосна реформа на протоколот. Меѓудругото, тој инсистираше на тоа дека мора да заврши улогата на Европскиот суд на правдата (ЕСП) во политиката на протоколот. Тој, исто така, ја повтори заканата за суспендирање на делови од протоколот преку итен механизам, пренесува ДПА.
Со Протоколот за Северна Ирска се постигна исчекор во долготрајниот спор меѓу Брисел и Лондон за територијата на Обединетото Кралство. Според договорот, Северна Ирска продолжува да ги следи правилата за единствен пазар и царинска унија на ЕУ, со што се спречи цврста граница меѓу Северна Ирска и членката на ЕУ -Република Ирска, и обновениот конфликт околу обединувањето на островот.
Меѓутоа, ова бара поголема контрола меѓу Велика Британија и Северна Ирска, бидејќи Лондон повеќе не сака да биде обврзан со стандардите на ЕУ. Стоките што доаѓаат од Англија, Шкотска или Велс во Северна Ирска сега треба да се декларираат и делумно да бидат подложени на контрола. Но, ова е трн во око на владата во Лондон, како и про-британските унионисти од Северна Ирска.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
