ЕУ најави проширување на европските фабрики за вештачка интелигенција во Северна Македонија и Србија

Европската комисија денеска најави проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во седум земји членки и шест партнери на ЕУ, меѓу кои и во Северна Македонија.
Во соопштението се посочува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана најави проширувањето на фабриките за вештачка интелигенција во Северна Македонија и Србија.
- Можам да објавам дека ќе ги отвориме нашите фабрики за вештачка интелигенција за Западниот Балкан. Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион што ќе им овозможи на компаниите во сите шест партнери да се поврзат со овие фабрики, изјави Фон дер Лајен во обраќање на Инвестицискиот форум во Тирана.
Ова, според Фон дер Лајен, ќе значи дека компании од Западниот Балкан ќе можат да пристапат до европската инфраструктура за вештачка интелигенција.
- Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе биде на ваша услуга. Бидејќи сакам иднината на вештачката интелигенција да се создаде во Европа, сакам Западниот Балкан да биде во неговото јадро, рече Фон дер Лајен.
Покрај земјава, програмата АИФА е проширена и во членките на ЕУ - Белгија, Ирска, Кипар, Летонија, Малта, Словачка и Унгарија, како и во Велика Британија, Исланд, Молдавија, Србија и Швајцарија.
- Ова ќе овозможи тесна соработка меѓу фабриките за вештачка интелигенција за да им се обезбеди на националните заедници за вештачка интелигенција безбеден далечински пристап до ресурси за суперкомпјутери од светска класа, оптимизирани за вештачка интелигенција. Целосно интегрирана во екосистемот ЕуроХПЦ, мрежата има за цел да го прошири пристапот до таленти, инфраструктура и иновации за вештачка интелигенција низ цела Европа, се посочува во соопштението на Комисијата,
Во него се додава дека во петокот ЕК соопшти дека кон европската инфраструктура за вештачка интелигенција се приклучиле шест нови фабрики за вештачка интелигенција, со што нивниот вкупен број опфатен со мрежата се искачи 19 во 16 земји членки на ЕУ.
- Ова проширување го поттикнува Акцискиот план за Европа на вештачката интелигенција и ги надополнува инвестициите на ЕУ во идните гигафабрики за вештачка интелигенција, големите објекти посветени на развој и обука на напредни модели на вештачка интелигенција и гранични системи, истовремено усогласувајќи се со Стратегијата за примена на вештачката интелигенција за забрзување на воведувањето на вештачката интелигенција низ целата европска економија и јавниот сектор, се додава во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
