ЕУ одвои уште 5,2 милиони евра помош по поплавите во Либија
ЕУ донесе одлука да ја зајакне својата поддршка за Либија по катастрофалните поплави во источниот дел на земјата, со ослободување од дополнителни 5,2 милиони евра хуманитарни средства.
Помошта ќе биде доставена преку хуманитарните партнери на ЕУ активни во земјата, овозможувајќи им да ја зајакнат помошта со фокус на обезбедување сместување, медицинска опрема, храна, вода и средства за хигиена, информира денеска Европската комисија.
Од вкупната сума, 200.000 евра се за Фондот за итни случаи за одговор при катастрофи на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) за поддршка на Либиската Црвена полумесечина.
Со оваа нова помош вкупните хуманитарни средства од ЕУ наменети за Либија по поплавите достигнаа над 5,7 милиони евра.
-Европската унија продолжува да обезбедува помош во натура преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Досега осум земји-членки на ЕУ понудија помош за Либија (Германија, Романија, Финска, Италија, Холандија, Франција, Белгија и нова понуда од Австрија) преку Механизмот, се додава во соопштението.
Координативниот центар за одговор при итни случаи, исто така, распореди и тим од експерти и офицер за врска за поддршка на копнените операции, покрај тоа што ја стави на располагање и својата еколошката експертиза.
Веднаш по поплавите во Либија, ЕУ одвои 500.000 евра хуманитарни средства и ги насочи понудите од земјите членки преку Механизмот за цивилна заштита на Унијата.
Еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич, по повод најновата одлука за помош на Еврокомисијата, изјави дека ЕУ обезбедува постојана и континуирана поддршка за луѓето во Либија погодени од бурата Даниел.
-Вонредната состојба од поплавите, исто така, предизвика брза реакција на земјите членки на ЕУ, ставајќи ја солидарноста на ЕУ во акција на терен. Трагично, членовите на грчкиот спасувачки тим во Либија ги загубија животите во сообраќајна несреќа во неделата додека се обидуваа да им помогнат на другите. Изразуваме сочувство до сите погодени и посакуваме брзо закрепнување на повредените, додаде Ленарчич.
Ново на Сител
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната
-
Груби и Беџети на црната листа на САД, судството и политичарите бараат истрага и решавање на случајот
-
Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет
-
На Попова Шапка измерени -4 степени, во Велес 7, најмногу наврнат дожд во Маврови Анови и Претор
-
Седма пленарна конференција на Национална конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија
-
Новиот премиер Мохамед ал Башир им вети на Сиријците стабилност и спокојство
-
Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин
-
Уставен суд ќе ја почнe расправата за Законот за јазиците