Свет
30. January 2021 - 8:18

ЕУ ограничува извоз на вакцини за Северна Ирска

   Европската унија го ограничи извозот на вакцини против коронавирусот во Северна Ирска, заобиколувајќи делови на протоколот од договорот за брегзит.

Првиот министер на Северна Ирска, Арлин Фостер, ја нарече „неверојатен чин на непријателство“ одлуката на ЕУ да се повика на членот 26 од протоколот, што им овозможува на Велика Британија или ЕУ да преземат еднострани активности во случај на неочекувано негативно влијание што произлегува од договорот.

Портпаролот на британската Влада изјави дека следните чекори ќе бидат внимателно разгледани и додаде дека министерот Мајкл Гоув и пренел на ЕУ дека Велика Британија е загрижена затоа што не е информирана од ЕУ за нејзините постапки во врска со протоколот за Северна Ирска.

Претходно, Европската комисија се согласи со планот за контрола на извозот на вакцини од ЕУ, вклучително и во Велика Британија, наведувајќи дека тоа е потребно за да се обезбедат сопствени залихи.