ЕУ повикува на прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хезболах
Секоја натамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах би имала драматични последици за регионот, но и пошироко, оцени високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во врска со најновата ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
– Европската Унија е крајно загрижена поради воениот конфликт меѓу Израел и Хезболах, што започна на 8 октомври и ескалира со неодамнешните напади во густо населените реони.
Жалиме за високата цена што ја плаќаат цивилите, вклучително и децата и персоналот на ОН, и бараме почитување на меѓународното хуманитарно право во сите околности, наведува Борел во писмената изјава објавена во името на ЕУ.
Тој натаму апелира на почитување на Резолуцијата 2749 на Советот за безбедност на ОН, усвоена едногласно на 28 август 2024 година, со која бара од сите актери во регионот да преземат итни мерки за деескалација на состојбата.
– Ги повикуваме двете страни итно да прогласат ефикасен прекин на огнот, веднаш да ставаат крај на сите прекугранични закани и да работат на целосна и соодветна имплементација на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, за да се обезбеди безбедно враќање на раселените лица од двете страни, како дел од поширокото мировно решение, се посочува во изјавата.
Борел натаму нагласува дека ЕУ ја повикува меѓународната заедница да се мобилизира за поддршка на тековните дипломатски напори за постигнување мир и во тој правец ги поздравува и силно ги поддржуваме напорите на Франција и САД за постигнување прекин на огнот преку преговори и воедно апелира до сите страни да ја поддржат мисија на Силите на ОН во Либан (УНИФИЛ).
– ЕУ ја повторува својата силна поддршка на државните институции на Либан, вклучително и на либанските Вооружени сили, и е подготвена да му помогне на Либан да излезе од овој политички ќор-сокак.
Земјите членки на ЕУ имаат долга традиција на поддршка на Либан.
Сега кога земјата се соочува со драматични моменти, либанскиот народ може да биде уверен дека земјите членки и ЕУ ќе продолжат да го поддржуваат, додава Борел во изјавата.
Ново на Сител
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември