ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
Европската Унија добива различни извештаи, но нема официјална потврда за наводен напад, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано запрашан за став на ЕУ во врска со информациите дека изминатата ноќ е извршен напад врз Иран.
– Има извештаи оти нешто можеби се случило, но не слушнавме официјална потврда од оние што наводно се инволвирани дека тоа и се случило. Тешко е да се даде официјална политичка изјава за нешто зад кое всушност никој не стои, одговори Стано на забелешка дека ЕУ жестоко реагирала на иранските напади врз Израел изминатиот викенд, па дури најави и санкции кон Иран, а нема таква реакција за „нападот за кој изгледа дека е извршен од Израел“.
Според Стано, врз основа на она што може да се види на теренот, ЕУ гледа знаци на обиди кои водат и насочуваат кон ескалација на состојбата.
Бриселскиот договор склучен меѓу Белград и Приштина е валиден како и сите останати спогодби постигнати во рамки на дијалогот што се води со посредство на ЕУ, изјави денеска портпаролот на Евр
– Пред два дена лидерите на ЕУ упатија многу јасна порака до партнерите во регионот да се воздржат од ескалација и овој повик целосно важи и денеска, истакна Стано.
Тој потсети дека и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во неколку наврати повтори дека регионот на Блискиот Исток е на работ на амбис и мора да се преземат чекори на воздржаност, бидејќи во спротивност може да дојде до целосна конфронтација од која никој не би имал полза.
Стано додаде дека ЕУ ги повикува сите актери во регионот да спречат ескалација во услови на и онака тензичната ситуација и да се посветат на решавање на други прашања, како оние поврзани со заложниците киднапирани од терористите на Хамас и со Палестинците кои страдаат во огромната хуманитарна криза во Газа.
– Тоа се главите приоритети на кои треба да се фокусира целата меѓународна заедница и за тоа ќе разговараат министрите од ЕУ на следниот редовен Совет за надворешни работи в понеделник, додаде Стано.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени