ЕУ повторно со порака до Вучиќ за воведување санкции против Русија
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со шефот на Делегацијата на Европската унија во Белград, Емануел Жофре, кој ја повтори „преовладувачката позиција на Брисел за воведувањето санкции против Русија”, јави дописникот на МИА од Белград.
– Амбасадорот Жофре го повтори преовладувачкиот став на Брисел кога станува збор за усогласување на надворешната политика на Србија со агендата на ЕУ и воведувањето санкции против Руската Федерација и изрази подготвеност да соработува со нашата земја во однос на решавање на отворените прашања, кои се од клучна важност за натамошниот напредок на Србија на патот кон евроинтеграциите, се наведува во соопштението од кабинетот на Вучиќ.
Вучиќ на средбата посочил дека Србија „посветено работи на реализација на цели кои се во согласност со нејзината европска ориентација, како што се силниот економски напредок и зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот преку иницијативи за поврзување, со што покажа дека е сериозен, одговорен и доверлив партнер на Унијата”.
Соговорниците размениле мислења и за претстојниот Самит во Прага за иницијативата за формирање Европска политичка заедница како платформа за дијалог меѓу членките на ЕУ и земјите аспиранти за членство.
Вучиќ ја повторил својата благодарност до Европската комисија за поддршката во изградбата на енергетската инфраструктура, која е исклучително важна за Србија, додавајќи дека Србија е максимално ангажирана во проекти за диверзификација на изворите на енергија и рутите за снабдување.
Вучиќ и Жофре разговарале и за усогласување на визната политика со ЕУ за борба против илегалната миграција, како и за соработка на големи инфраструктурни проекти, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател за соработка со медиумите.
Ново на Сител
-
Доминиканската Република објави извештај за уривањето на покривот во ноќен клуб
-
Муцунски: Западен Балкан е суштински дел од иднината на Европа
-
Лишен од слобода кавадарчанец, со алат се обидел да влезе во туѓ дом
-
Уапсени Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири за пожарот во Кочани, истрагата проширена за 23 лица
-
Без вода корисници во Сопиште
-
Панел - дискусија посветена на аутизмот во Кисела Вода
-
Бигорски ги кани верниците на одбележување на Цветници во црквата „Успение на Пресвета Богородица" во Дебар
-
Министерот Муцунски денеска ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум