ЕУ се подготвува да дозволи поголеми гранични контроли во Шенген
Европската унија се подготвува оваа недела да им дозволи на членките да ја продолжат граничната контрола во зоната на Шенген поради мигрантската криза и неодамнешните терористички напади откако пет држави поднесоа такво барање.
Германија, Франција, Австрија, Данска и Шведска упатија писмо до ЕК во кое велат дека граничната ситуација останува „исклучително нестабилна“ и бараат да им се продолжи правото на гранична контрола.
Според западни медиуми, одлуката за тоа се подготвува најверојатно за в среда.
Европски извори наведуваат дека Комисијата е подготвена да одобри мерки во согласност со т.н. „мапа на патот“ за повторно воспоставување нормално функционирање на Шенген „до крајот на годината“.
Минатата година неколку држави воведоа гранични контроли поради зголемен прилив на мигранти. Правила на ЕУ дозволуваат државите да може повторнод а воведат гранична контрола најдолго две години во периоди од максимално шест месеци во случаи кога границите се загрозени.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети