ЕУ се соочува со голем демографски пад - до крајот на векот ќе остане без 53 милиони луѓе

Европската унија влегува во фаза на голем демографски пад, а населението би можело да се намали за 53 милиони луѓе, или 11,7 проценти, до крајот на овој век, објави Евростат.
Европската унија имала околу 451,8 милиони жители во 2025 година, со раст кој се опоравува по падот за време на пандемијата.
Се очекува населението да продолжи да расте уште неколку години, достигнувајќи врв од 453,3 милиони во 2029 година, пред да започне долгорочен пад на 398,8 милиони до 2100 година.
Проекциите се базираат на претпоставки за трендовите на ферталитетот, морталитетот и миграцијата, со делумно изедначување на трендовите меѓу земјите-членки на Европската унија.
Дополнително, старосната структура на населението на Унијата ќе се промени. Бројот на стари лица ќе продолжи да расте, а на младите и работоспособните да се намалува.
Уделот на деца и млади лица под 19 години ќе се намали од сегашните 20% на 17%, а уделот на населението на работоспособна возраст на возраст помеѓу 20 и 64 години од 58% на 50%.
Спротивно на тоа, пак, уделот на населението на возраст од 65 до 79 години, ќе се зголеми од 16% на 17%, а на лица над 80 години од 6% на 16%.
МИА
Ново на Сител
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
-

Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски, неговите адвокати бараат ослободителна пресуда
