„ЕУ со ТЕБЕ“ во Југоисточниот плански регион

Евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска и утре во рамки на кампањата „ЕУ со ТЕБЕ“, ќе престојува во Југоисточниот плански регион, каде ќе ги посети општините Босилово, Струмица, Дојран и Конче.
Гир, заедно со заменикот министер за земјоделство Трајан Димковски и градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков, денеска ќе го посети испустот на браната Чаушица, што е реконструиран со финансиска помош од ЕУ. Во Струмица, евроамбасадорот Гир ќе се сретне со претставници на граѓанските организации и млади активисти во Европската куќа, но и со локални уметници и новинари.
Утре, заедно со дојранскиот градоначалник Анго Андов ќе ги посети двата проекти што ги финансираше ЕУ во рамки на Програмата за локална и регионална конкурентност – Градскиот парк и Отворената летна сцена во Дојран. Воедно, со градоначалникот на Конче, Благој Илиев ќе ги посети реконструираниот пат и планинарските патеки во оваа Општина.
Ново на Сител
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
