Балкан
23. February 2017 - 15:40

ЕУ: Турција не работи доволно за укинувањето на визите

Турција не работи доволно на реформите за да ги исполни условите на договорот за мигрантите што го направи со Европската унија. Тој договор треба да обезбеди за Турците безвизно патување во земјите на Унијата, истакна неименуван висок претставник на ЕУ, кој се повика на извештајот на Европската комисија.

Според договорот што беше постигнат во март минатата година за време на најголемата мигрантска криза во Европа од Втората светска војна, Турција се обврза дека ќе го спречи движењето на бегалците од Блискиот Исток и од Азија преку нејзината територија кон ЕУ, во замена за финаниска поддршка и ослободување на ослободување на нејзинте државјани од визи за во ЕУ, пренесува Танјуг.

Анонимниот извор од ЕК тврди дека Турција добро постапила кога станува збор за контролата на границите, но дека во редовниот извештај на ЕК што планира да го објави наредната недела, ќе стои дека оваа земја и понатаму го одложува реформите „правосудните акти што се однесуваат на борбата против тероризмот, финансирањето на политички партии и праведна соработка“. 

- Компликациите во преговорите за повторно обединување на Кипар исто така се одразуваат лошо на Турција, нагласи претставникот на ЕК. 

Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин вчера изјаи дека Анката очекува ЕУ колку што е можно побрзо да преземе чекори за укинување на визите за државјаните на Турција.