ЕУ вети дека ќе спречи масовна „илегална миграција“ од Авганистан
Европската унија соопшти дека ќе се обиде да го запре евентуалниот масовен прилив на мигранти од Авганистан преку обезбедување помош за земјите од регионот и зајакнување на границите, јави ДПА.
„Врз основа на научените лекции, ЕУ е решена да работи со заеднички сили за да спречи повторување на неконтролираните и големи илегални мигрантски текови со кои се среќаваше претходно“, се вели во конечната Изјава од синоќешниот состанокот на министрите за внатрешни работи и правда од ЕУ.
Заедничката Изјава не содржи конкретни ветувања дека ЕУ масовно ќе прифаќа луѓе кои бегаат од талибанскиот режим во Авганистан. Наместо тоа, Унијата вели дека ќе им помогне на соседите на Авганистан „да го зајакнат својот капацитет да обезбедат заштита, пристојни и безбедни услови за прием“ за бегалците. На крајот од документот се нагласува дека „поддршката може да се обезбеди во форма на доброволно преселување, при што приоритет им се дава на ранливите лица како што се жените и децата“.
Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон истакна дека „најдобриот начин да се спречи миграциската криза е да се спречи хуманитарна криза“.
ЕУ работи на спречување на повторување на настаните од 2015 година, кога повеќе од милион луѓе кои избегаа од граѓанската војна во Сирија пристигнаа во Европа. Ова предизвика внатрешни несогласувања во ЕУ околу начинот на распределба на мигрантите меѓу земјите-членки.
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ