ЕУ воведува санкции против четворица високи руски претставници поради Навални
Земјите членки на ЕУ се согласија денеска за воведување санкции против четворица високи руски претставници вмешани во правните постапки против опозицискиот лидер Алексеј Навални.
Санкциите подразбираат забрана за издавање визи и замрзнување на имотот на овие претставници во ЕУ, се наведува во соопштението по состанокот на амбасадорите на земјите од Унијата.
Според извори блиски на ЕУ, санкциите се однесуваат на директорот на казнено-поправната служба Александар Калашњиков, претставникот на рускиот Истражен одбор Александар Бастрикин, државниот обвинител Игор Краснов и шефот на руската Национална гарда Виктор Золотов.
Нивните имиња ќе бидат објавени утре во Служениот весник на ЕУ.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко изјави дека Русија ќе „одговори“ на санкциите на ЕУ.
ЕУ кон половината на октомври воведе санкции против шест руски функционери по труењето на Навални, кој е уапсен на 17 јануари веднаш по пристигнувањето во Русија.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
