ЕУ за глобална покриеност со вакцини
Европската комисија ќе одвои 400 милиони евра во рамки на меѓународниот механизам Ковакс за помош при купување и испорака на дози на идни вакцини против Ковид-19 за земјите со низок и среден приход.
Проектот „Ковакс“, кој заеднички го водат Гави, Алијансата за вакцини, Коалицијата за иновации во подготвеноста за епидемија (ЦЕПИ) и СЗО, има за цел да го забрза развојот и производството на вакцини против Ковид-19, но исто така да гарантира фер и рамноправен пристап за секоја земја во светот.
– Нема да бидеме безбедни сè додека сите, без разлика дали во Европа или во светот, не се безбедни. Потребна ни е глобална солидарност. Придонесот на Европската комисија преку Ковакс не носи еден чекор поблизу до оваа цел, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаејн.
Проектот Ковакс, како механизам за осигурување за земјите кои се загрижени за обезбедување пристап до вакцини, но исто така и за производителите, сака да купи две милијарди дози до крајот на 2021 година, преговарајќи со разни добавувачи кои покриваат различни научни технологии, време на испорака и цени, соопштуваат претставници на ЕУ.
Ново на Сител
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
-

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал
-

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Македонија напаѓа четири злата: Велков, Смилевски, Велески и Бабоски денес во финале
