Еулекс: Останува приоритет решавањето на судбината на околу 1.665 исчезнати лица

Шефицата на Еулекс Александра Пападопулу изјави денеска дека решавањето на судбината на околу 1.665 лица, кои се водат како исчезнати, останува приоритет за Еулекс.
Оваа мисија останува посветена кон укажувањето на поддршка во решавањето на судбината на исчезнатите, но Пападопулу предупредува дека што повеќе време поминува во процесот на идентификација, станува се потешко, стои во соопштението направено по повод Денот на исчезнатите што се одбележува во Косово.
Се наведува дека Еулекс останува посветена на потрагата за исчезнатите лица и нивната идентификација, додека работи и на изградбата на локални капацитети во рамките на Институтот за судска медицина, подготвувајќи се за одговорен пренос на надлежноста во овој процес на локалните органи.
Соопштено е дека од декември 2008 година, кога мисијата започна со работа, на семејствата им се вратени посмртните останки на 494 жртви.
Ново на Сител
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
