-->
-->
ЕУРО 2016: Пеналите на Португалија и донесоа полуфинале
-->

Репрезентацијата на Португалија е првата која обезбеди пласман во полуфиналето на Европското фудбалско првенство што се одржува во Франција.
Португалците место меѓу четирите најдобри изборија со победата над Полска со 5:3 на пенали, во првиот дуел од четвртфиналето одигран синоќа на стадионот „Веледром“ во Марсеј откако по 120 минути беше 1:1.
Со голот на Роберт Левандовски по само 100-секунди игра Полска поведе со 1:0, но Ренато Санчез во 33. минута израмни на 1:1, што беше и конечен резултат по регуларните 90, но и дополнителните 30-минути.
Во пенал серијата, клучен беше ударот на Блажиковски во четвртата сериија кој португалскиот голман Патрисио го одбрани, за веднаш потоа Кваресма да погоди и да ја одведе Португалија во полуфиналето.
Противник на Португалија во полуфиналето ќе биде подобриот од натпреварот меѓу дебитантот Велс и фаворизираната селекција на Белгија, кој ќе се игра вечерва од 21 часот во Лил.
Втората полуфинална двојка ќе ја дадат победниците од преостанатите два четвртфинални дуели кои ќе се играат в сабота и недела, исто така од 21 часот, а во кој актуелниот светски шампион Германија за противник ќе го има европскиот вицепрвак Италија, додека домаќинот Франција ќе игра против најпријатното изненадување на првенството досега, селекцијата на Исланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да постапи по обвинувањата на пратеникот Венко Филипче кон Славјанка Петровска
-

МВР: За осум месеци блису 390 000 казни од „Безбеден град“
-

Реконструкцијата на охридската гимназија ќе продолжи следната година
-

„Текстилијада“ во Штип, десет години глас за работниците
-

Лидерот на СДСМ упати остри обвинувања за изолација и навреди кон премиерот
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
