Фудбал
30. јуни 2016 - 14:27

ЕУРО 2016: Полска - Португалија ја отвораат четвртфиналната рунда

 
 
Со натпреварот Полска – Португалија вечер од 21 часот на „Велодром“ во Марсеј ќе биде отворена четвртфиналната рунда на Европското фудбалско првенство кое се игра во Франција.
 
Полска на ЕУРО 2016 прикажа цврста одбрана. На досегашните четири натпревара прими само еден гол, но нападот не им функционира според очекувањата. Првото име на полскиот фудбал, играчот на Баерн, Роберт Левандовски ниту еднаш не се запиша во листата на стрелците.
 
Од друга страна, Португалците пласманот меѓу осумте најдобри го обезбедија без ниту еден пораз, но не остварија ниту победа во основите 90 минути. По трите нерешени резултати во групната фаза, осминафиналето против Хрватите го поминаа среќно, со гол на три минути пред крајот на продолженијата.  
 
Повеќето фудбалски експерти за мал фаворит ја сметаат Португалија која е предводена најдобриот европски фудбалер од Кристијано Роналдо.
 
По еден натпревар во истиот термин (21 часот) ќе се игра и следните три дена по што ќе бидат познати полуфиналистите.
 
Утре, ќе играат Белс – Белгија , а победниците од вечерашниот и утрешниот меч ќе вкрстат во 1/2 финалето.
 
Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од дуелите во сабота меѓу светскиот првак Германија и европскиот вице-шампион Италија , односно недела кога ќе играат домаќинот Франција и најпријатното изненадување на првенството Исланд.