-->
-->
ЕУРО 2016: Португалија ги „стивна“ Албанците
-->
Фудбалерите на Португалија забележаа победа во Албанија со која направија голем чекор кон директен пласман на Европското првенство во Франција. Блиску до пласман на ЕП е и Германија која победи во Глазгов, а истото важи и за Полска, Северна Ирска и Романија.
Португалија славеше во Елбасан со 1:0 со голот кој го постигна Мигел Велосо во 92. минута. Португалците можеa и порано да го решат мечот, имаа статива во првото полувреме и чиста шанса на Елисеу во вториoт дел, но мечот можеше да има и поинаков тек, бидејќи Албанците во средишницата од второто полувреме ја погодија гредата.
Група И:
Ерменија-Данска 0:0
Албанија-Португалија 0:1
Табела: Португалија 15, Данска 12, Албанија 12, Ерменија 2, Србија 1
Шкотска и Германија одиграа брилијантно прво полувреме во Глазгов, во кое двете репрезентации постигнаа по два гола, а мечот го реши Гиндоган во 54. минута.
Полска немаше проблеми со аутсајдерот Гибралтар, славеше со 8:1, додека Република Ирска со голот на Волтерс ја победи Грузија.
Група Д:
Ирска-Грузија 1:0
Полска-Гибралтар 8:1
Шкотска-Германија 2:3
Табела: Германија 19, Полска 17, Ирска 15, Шкотска 11, Грузија 6, Гибралтар 0
Северна Ирска ја задржа првата позиција во Групата Ф иако одигра 1:1 со Унгарија. Гостите водеа во Белфаст од 74. минута со голот на Гузмич, а голем бод на Северна Ирска ѝ донесе Лафети со погодокот во 94. минута.
Романија и Грција одиграа без голови, додека Финска минимално славеше над Фарските острови.
Група Д:
Финска-Фарски острови 1:0
Северна Ирска-Унгарија 1:1
Романија-Грција 0:0
Табела: Северна Ирска 17, Романија 16, Унгарија 13, Финска 10, Фарски острови 6, Грција 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина и испрати на Сирија 500 метрички тони пченично брашно
-
Прв случај на мпокс потврден во Косово
-
Собранието ќе ја одржи 28-та седница, ќе заседаваат и две комисии
-
Возач од Прилеп тешко повреден откако излетал од патот
-
Пиштол и 53 куршуми пронајдени кај лице од Сарај
-
БиХ: Си ја убил сопругата, па се пријавил во полиција
-
НБ: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки
-
Лавров: Двосмисленото однесување на Франција го поткопува дијалогот за мир во Украина