-->
-->
ЕУРО 2016: Се „брка“ најбрзиот гол на Кириченко!!!
-->
Поранешниот руски репрезентативец Димитри Кириченко (39) е стрелец на најбрзиот гол во историјата на европските првенства.
Кириченко на ЕП во 2004 година во Португалија, на натпреварот против Грција, постигна гол по само 67 секунди игра. Русија тој меч го доби со 2-1, но Грција и покрај поразот се пласира во втората фаза, а подоцна ја освои и титулата, што е најголема сензација во историјата на континенталните шампионати.
Кириченко за руската репрезентација настапувал до 2003 до 2006 година, одиграл 12 натпревари и постигнал четири гола.
На второто место истото така се наоѓа руски, поточно репрезентативец на СССР, Сергеј Алејников. Овој фудбалер, во победата на СССР над Англија (3-1), на ЕП во 1988 година во Германија, постигнал гол по две минути и седум секунди.
СССР на ова ЕП стигна до финалето, во кое загуби од Холандија 0-2. Алејников за СССР одиграл 73 натпревари, а по распадот на оваа држава четири пати играл за селекцијата на Белорусија.
Третото место на вечната листа го делат Чехот, Петр Јирачек и Англичанецот Алан Ширер, двајцата постигнале гол по две минути и 14 секунди игра.
Јирачек постигнал гол против Грција, во победата на Чешка (2-1) на последното европско првенство, додека Ширер во полуфиналето на ЕП во 1996 година, ја тресел мрежата на Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори