Еурофарм Пелистер се засили со хрватскиот голман Филип Ивиќ
Ден откако договори соработка со македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер соопшти попладнево дека ја засили голманската позиција и со искусниот 31-годишен Хрват, Филип Ивиќ.
„Ни претставува особено задоволство што повторно во дресот на Еурофарм Пелистер ќе игра хрватски репрезентативец. Голманот со големо интернационално искуство, Филип Ивиќ, е нов член на нашиот клуб“, се наведува во клупското соопштение.
Хрватскиот репрезентативен голман Ивиќ доаѓа во Битола како слободен ракометар од францускиот Шамбери, а со Еурофарм Пелистер потпиша договор на една плус една година.
Ивиќ, висок 195-сантиметри, кариера ја почна во Загреб, по што ги бранеше боите на полскиот Киелце, бундеслигашот Гумерсбах, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко и на Шамбери. Ивиќ долги години го носи дресот на националниот тим и настапи и на последното Европско првенство во Германија.
Официјалното претставување на Ивиќ во Битола е предвидено на крајот на мај.
Ново на Сител
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
-

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во Европската Унија мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална
-

Студентите во блокада во Србија на протест во Краљево
-

СП 2026: Формирани сите двојки за 1/16 финалето
